• Fri. May 17th, 2024

Италија почнува да ги олеснува мерките за ограничување на движењето од почетокот на мај

Италија до крајот на неделата ќе ги објави плановите за постепено укинување на мерките на ограничено движење и одржување на физичката дистанца, пренесува „Ројтерс“. Како што рече премиерот Џузепе Конти, мерките ќе почнат да се применуваат од 4 мај, пренесува Макфакс.

Мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во Италија вклучуваат престанок на речиси сите деловни активности, а луѓето се затворени во своите домови и можат да излезат само за да ги извршат најитните потреби. Мерките, кои ја запреа третата по големина економија во еврозоната, се спроведуваат од 9 март.

„Би сакал да кажам да отвориме сè. Веднаш. Започнуваме од утре наутро. Но, таквата одлука би била неодговорна. И кривата на заразата би растела неконтролирано, со што би се уништиле сите напори што досега ги вложивме, напиша Конте на „Фејсбук“, додавајќи дека се разгледува национален план за повторно отворање кој ќе ги земе предвид регионалните специфичности.

Од деловните и индустриските кругови, лобираат да започнат некои активности за да се избегне економска катастрофа. Но, Конте рече дека олабавувањето на мерките ќе се одвива според план заснован на научни податоци, а не да задоволи дел од јавноста или барањата на некои производители, компании или одредени региони. Тој исто така објасни дека олабавувањето на мерките со себе носи ризик од зголемување на инфекцијата и дека тие мора да бидат подготвени да го минимизираат ширењето на коронавирусот.

Вчера бројот на новозаразени коронавируси во Италија се намали на 2.256 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *