Свет

Орбан најави нови правила кои ќе го заменат полицискиот час

Првата фаза од мерките против коронавирус завршува следниот викенд и владата ќе воведе нови правила кои ќе го заменат полицискиот час, порача премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, пренесува Макфакс.

Тој нагласил дека новите правила се најавени за постепено повторно да се продолжи со животот.

Во првата фаза, Унгарија беше подготвена на најлошо сценарио, рекол Орбан.

Втората фаза ќе вклучува строг распоред на продолжувањето на животот во Унгарија, додал унгарскиот премиер. Тој појаснил дека предуслов за тоа ќе биде и натаму заштита на најранливите луѓе, вклучително и постарите, хронично болните и жителите во големите градови. За нив, како рекол Орбан, ќе бидат воведени посебни правила, кои моментално се планираат.

Орбан рекол дека Унгарија гледа како Австрија ги отвора продавниците, училиштата и музеите.

„Можеби тие напредуваат малку повеќе од она што ми го кажува животниот инстинкт за тоа што е погодно за Унгарија“ истакнал Орбан и додал дека сепак Унгарија треба да ја следи Австрија на дисциплиниран и смирен начин.

„Не би требало да напредуваме толку брзо како Австријците, но не би требало ни да заостануваме премногу“, рекол тој.

По 4 мај ќе бидат применети општи правила, а градоначалниците во посебни градови ќе бидат овластени да спроведуваат сопствени ограничувања, додал Орбан.

Препорачуваме:

Преку 40 илјади новозаболени од коронавирус во светот за 24 часа

Сузана Мицева

Северна Кореја произведе нуклеарна боева глава која може да се постави на балистичка ракета!

Во Рига срушен советски споменик

Сузана Мицева