• Fri. May 17th, 2024

Канада: Нема паника, но можен е недостиг на храна

Канадската земјоделска федерација посочи дека не може да се исклучи недостигот на храна поради пандемијата на Ковид-19 и бара од Отава да формира кризен фонд за земјоделците, пренесе Макфакс.

„Не сакаме да паничиме, но во исто време би било неодговорно да не се подигне аларм за да се привлече вниманието кон реалноста со која се соочуваат канадските земјоделци денес“, рече претседателката на фондацијата, Мери Робинсон, во соопштението.

И покрај тоа што ја поздрави досегашната поддршка на сојузната влада во тој сектор, Мери Робинсон сметаше дека тоа не е доволно и предложи кризен фонд за земјоделците на кои ќе им бидат на располагање средства за да ги покријат дополнителните трошоци поради пандемијата.

Поради строгите карантини за странските работници и ограничувањата за патувања, епидемијата Ковид-19 навистина ја намали работната сила во земјоделскиот сектор.

Секоја година канадското земјоделство вработува околу 60.000 привремени странски работници.

Кога границите на земјата беа затворени на 21 март, на овие работници им беше забранет влез.

Во меѓувреме, тие се ослободени од забраната за влез, но неизвесно е колку ќе дојдат оваа сезона.

Земјоделската федерација не ја крие својата загриженост и вели: „Ако ние како нација не реагираме веднаш на овие растечки предизвици, канадските потрошувачи би можеле да се соочат со помалку храна во своите продавници и со зголемување на цените“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *