Регион

За „Чист понеделник“, бел грав во триипол тонски казан

Во триипол тонски казан се свари белиот грав на струмичкиот плоштад. Струмичани, достојни на традицијата, го одбележаа почетокот на велигденскиот пост како дел од карневалските празнувања. На плоштадот „Гоце Делчев“ граѓаните пробаа од белиот фасуљ, без кој не може да се замисли првиот ден од постите, Чист понеделник.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски истакна дека оваа манифестација носи своја симболика во обединувањето на граѓаните во еден заеднички настан.

Организатор на настанот е сограѓанинот и угостител Бранко Младенов. Идејата ја добил годинава во Охрид, каде што се варела рибарската чорба. Казанот го донесе и во Струмица.

Кулинарските активности во рамки на карневалот ќе завршат в среда со тримерската посна трпеза- денот на армасаните кога се оди на гости во домот на верената девојка каде што постарите жени ја воведуваат во тајните на брачниот живот.

Препорачуваме:

Иницијатива за јавен превоз во Струмица, ВМРО ДПМНЕ со предлог до Советот, Костадинов објави дека се прават анализи

Ване Трајков

Осмоодделенците од ООУ„Гоце Делчев“, во посета на општина Василево

Ване Трајков

Во земјава во моментов на трите прифатни центри има околу 60 тина бегалци и мигранти

Стојне Митева