• Wed. May 15th, 2024

Осмоодделенците од ООУ„Гоце Делчев“, во посета на општина Василево

Градоначалникот на општина Василево денес беше домаќин на како што рече „иднината на општина Василево“, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ пред кои се претстави и им ги претстави надлежностите и улогата на локалната самоуправа односно Советот и Градоначалникот – двата органи задолжени за функционирање на општината.

Учениците од осмо одделение, заедно со својот предметен наставник Наце Тушев, во рамки на предметот „граѓанско образование“, беа во посета на градоначалникот и општината, каде во непосредна комуникација со градоначалникот и вработените  учеа за надлежностите на општината и  градоначалникот, за начинот на кој општината функционира, која е нејзината улога во  подобрувањето  на условите за живот во населените места и нејзиното  значење во креирањето и стварањето на се она што значи услови за живеење во заедницата.

Преку прашања до градоначалникот учениците расчистија дел од своите дилеми околу неговите надлежности и улогата што ја има во одредени сфери, како образование, спорт, инфраструктура, кои беа предмет на нивниот интерес.

За да добијат појасна слика за функционирањето и надлежностите на локалната самоуправа, учениците ги посетија и одделенијата во општината, каде стручните служби на едноставен начин им ја доближија работата,  улогата и значењето на локалната самоуправа во нивното и во секојдневието на нивните родители.

Со пораката дека ова е отворена општина која ги поддржува своите ученици, градоначалникот Андонов ги испрати учениците.

„Вие сте сите наши деца, деца кои еден ден ќе не замените нас и  ќе продолжите да ја развивате и градите општина Василево. Таа е ваша општина. Затоа бидете амбициозни и вредни , вложувајте во себе,  а ние сме секогаш овде за да ве поддржиме“, им порача градоначалникот Андонов  на осмооделенците од ООУ „Гоце Делчев“, кои денес  беа негови гости.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *