• Sat. May 18th, 2024

Од овој месец 12 нови лекари од општа болница Струмица ќе почнат со специјализација

Општата болница Струмица од ноември ќе испрати 12 нови лекари на специјализација во Скопје. Ќе специјализираат лекари во 10 области од кои по двајца анестезиолози, двајца радиолози, еден кардиолог, еден уролог, еден педијатар, еден офталмолог. Потоа еден лекар ќе специјализира инективни болести, еден ортопед, еден дерматовенеролог и еден оториноларинголог.

Од Општа болница Струмица велат дека приорите е да се екипираат со млад и стручен кадар.

„Нашата цел во менаџирањето на работата во ОБ Струмица за подобри здравствени услуги е зголемување на бројот на лекари специјалисти и можност и мотивација нашите млади лекари да останат овде затоа што ни требаат и затоа што се нашата иднина и перспектива“, велат од болницата.

Минатата година својата специјализација ја започнаа 11 нови лекари, додека во 2020 8 млади лекари. Со оваа бројка целосно ќе се обнови кадарот во Општа болница Струмица, велат од менаџментот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *