• Sat. May 18th, 2024

Живко Динев и пријателите Сузана Гавазова и Миле Кузмановски ве канат на летна „Боемска вечер“ во Струмица

ByЃ. K.

Jul 4, 2023

Во рамките на Струмица Опен Фестивал 2023, на 26 јули ќе се случи музички настан на кој струмичани ќе имаат можност да уживаат во една боемска вечер со пејачот Живко Динев и неговите музички колеги и пријатели Сузана Гавазова и Миле Кузмановски.

Исто така ќе настапат и „Арија-бенд“ со Влатко Крстев на виолина и Дарко Илиевски на хармоника.

Репертоарот е исполнет со авторски песни на Динев, но и други македонски песни, боемски песни од српско-хрватскиот пазар кои нашата публика обожава да ги слуша.

Тоа подразбира сентиментална музика од репертоарот на Тома Здравковиќ, најголемиот меѓу боемите.

Покрај нив, ќе настапи и познатиот Коки Јанков (од поранешното дуо „Дуле и Коки“) со својата добропозната виолина која ќе ги разгали душите на струмичани.

Концертот ќе се одржи кај чешмичката, во Градскиот парк во Струмица.

By Ѓ. K.