Забава

Дојде приновата во британското кралско семејство – Меган Маркл роди момче

По долго очекување на фановите, кралското семејство доби уште еден член, а принцот Хари и Меган Маркл го добија нивното прво дете.
Фановите на кралското семејство будно ја следеа бременоста на Меган и со нетрпение го очекуваа нејзиното породување.

Денес попладне, Бакингемската палата официјално потврди дека Меган Маркл отишла на породување заедно со принцот Хари, а сега пристигна официјална информација за раѓањето на кралското бебе.

Војвотката и војводата од Сасекс добија син, а соопштението го објавија на официјалниот профил на Инстаграм. 

Мајката и бебето се во добра состојба, а парот се заблагодарува на јавноста за поддршката во овие посебни моменти.

Препорачуваме:

Младите музичари нижат европски награди

Сузана Мицева

Киро Донев – „Големиот принц“ на македонската литература за деца

Сузана Мицева

Ана и Костадинка: Енергијата и креативноста носат задоволство и успеси

Сузана Мицева