Регион

Дебата за статусот на ЛГТБИ заедницата

Во Домот на АРМ во Струмица се одржа дебата за подобрување на статусот на припадниците на ЛГБТИ заедницата, како дел од проектот финансиран од УСАИД, на која учествуваа претставници од СВР Струмица, од Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените при Општина Струмица, како и претставници на телото за недискриминација и активнисти на невладини организации.

Програмскиот директор на ЛГБТИ, Кочо Андоновски, вели дека ова е обид да се отвори дебатата на локално ниво.

-Сакаме на широко да ја отвориме оваа дебата. Ние десет години живеевме во авторитарен режим кој беше доста агресивен кон ЛГБТИ заедницата. И оваа иницијатива, иако како прашања се нови, ЛГБТИ и луѓето се отсекогаш тука. Ние сакаме да ги отвориме, еве првин со институциите, а после со пошироката публика, затоа што само со разговори може да се надминат предрасудите, рече Андоновски.

Препорачуваме:

Празни и напуштени ниви, се почеста слика во струмичко

Стојне Митева

79 мигранти фатени во гевгелиско

Над 137 илјади попишани нашинци во дијаспората

Стојне Митева