• Wed. May 29th, 2024

Празни и напуштени ниви, се почеста слика во струмичко

Посеви кои во текот на една сезона поминуваа и по неколку култури, сега лежат празни, непосеани и обраснати со трева.
Експертите предупредуваат дека државата мора сериозно да се посвети на поголема искористеност на земјоделските потенцијали – додека секоја година се исплаќаат и милиони во форма на субвенции производството стагнира. Истовремено се одлеваат милиони на увоз на храна.

Сега несигурниот пласман и откупните цени кои се с`е по неизвесни ќе создадат уште поголема запустеност на земјоделското обработливо земјиште во струмичката котлина.

Речиси половина Македонија е под земјоделско земјиште – ниви, лозја и пасишта, а половина од ова останува непосеано и необработено. Од вкупната површина на државата, 25.713 квадратни километри, 12.670 км2 или 1.267.000 хектари се земјоделска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *