• Tue. May 14th, 2024

Над 137 илјади попишани нашинци во дијаспората

Над 137 илјади попишани нашинци во дијаспората

Државниот завод за статистика информира дека самопопишувањето на македонската дијаспора се интензивира. Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7102 македонски државјани и се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на Попис2021, на 21 април.

„Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, Државниот завод за статистика им стои на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk“, велат од ДЗС.

„Одвојте 10-ина минути од вашето драгоцено време за да бидете дел од сликата за Република Северна Македонија“, додаваат од ДЗС.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *