• Mon. May 13th, 2024

Приведени три лица од Гевгелија и Богданци полицијата заплени хероин

ByВане Трајков

Mar 24, 2021

На 23.03.2021 во 11.30 часот на крстосница „Богородица“ на регионалниот пат Гевгелија –Богданци, од страна полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и Полициската станица Гевгелија биле лишени од слобода Н.М.(33) и И.М.(48), двајцата од Гевгелија и Ѓ.Т.(46) од Богданци.

Имено, при контрола кај Н.М. и И.М. бил пронајден и одземен  хероин, кој претходно го набавиле во Богданци, додека по обезбедена судска наредба, при претрес на дом и помошни простории во Богданци, кои ги користи Ѓ.Т., биле пронајдени и одземени хероин, две дигитални ваги со остатоци од хероин, марихуана, 37 семки Canabis Sativa, пари за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од извршеното кривично дело, разни предмети со остатоци од хероин и средства за употреба на опојна дрога.

Лицата се приведени во полициска станица, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 и 216 од Кривичниот законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *