Регион

Времето: облачно и студено

Променливо облачно и посвежо со подолги сончеви периоди, во југозападните делови со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 1 до 6, додека дневната ќе биде во интервал од 2 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 10 степени.

За време на викендот и во почетокот на работната седмица ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на дневните температури. Утринските температури на повеќе места ќе бидат под нулата.

Препорачуваме:

Струмица слави 71 година од ослободувањето од фашистичкиот окупатор

Dimitar Micev

Вечерва почнува 11 Фестивал на источно црковно пеење

Сузана Мицева

Ученици од СОУ „Никола Карев“ учесници на 45 Школа „Млади физичари“ на ПМФ

Ѓ. K.