Свет

Една година од авионската несреќа во Франција

 

Пред една година сите 150 патници и членови на екипажот загинаа откако германскиот пилот Андреас Лубиц  авионот Ербас А320 на компанијата “Герман Вингс”  го сруши во Француските Алпи.

Авионот летал од Барселона до Дизелдорф, а се урна  меѓу општините Дин и Барселонет, сто километри северно од Ница.

Во пресрет на официјалната церемонија во Франција , роднините кои се организираа во здружение “Германвингс лет 9525“, се собраа во Барселона од каде што авионот полета за Дизелдорф.
Силвија Чавес, претседател на Здружението на жртви на “Германвингс лет 9525“, рече: “Ние сакаме да се спречат инциденти како овој  да се случат повторно. Ние сакаме да се спречи други семејства да поминуваат преку оваа ужасна ситуација која ние ја преживеавме. И ние сакаме општество и нашите лидери да се увиди и потребата да се грижи за секој од нас. ”
Иако авиокомпанијата “Луфтханза” воведе случајни тестови за дрога и алкохол се уште постои незадоволство од постапките во врска со медицински прегледи на пилотите.

Во извештајот објавен  10 дена пред годишнината, француските иследници за  авионска несреќа препорачуваат Германија се изјасни околу своите правила за тоа кога лекарите може да ја прекршат доверливоста за пациентите.

видео

Препорачуваме:

Бил Гејтс прими вакцина против Ковид-19

Сузана Мицева

Во Косово блокирани границите

Сузана Мицева

Победници на World Press Photo Contest 2016

Dimitar Micev