Свет

Бил Гејтс прими вакцина против Ковид-19

Основачот на „Мајкрософт“, милијардер и филантроп Бил Гејтс објави на „Твитер“ дека оваа недела ја примил првата доза на вакцината против коронавирус, но не откри која. Бил Гејтс прими вакцина против Ковид-19, но не откри која.

Гејтс рече дека се чувствува одлично и им се заблагодари на сите научници, учесници во истражувањето, регулатори и медицински професионалци „кои нѐ доведоа до оваа точка“.

„Една од предностите да се има 65 години е тоа што ги исполнувам условите за вакцина против Ковид-19“, напиша Гејтс за фотографијата од вакцинацијата. Гејтс, сепак, не откри која вакцина ја примил.

Бил Гејтс прими вакцина против ковид-19, во време кога има масовна кампања за подигнување на свеста за вакцинацијата. Светот во моментов се соочува и со голема недоверба во целиот процес. Една од причините е релативно краткиот рок за правење на вакцините.

Препорачуваме:

Борис Џонсон претстави план за одговор на руската инвазија на Украина

Сузана Мицева

Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови

Сузана Мицева

Најпознатиот терорист на светот се согласи да ја предаде ИСИС