• Sun. May 19th, 2024

Хељда-извор на здравје

Хељдата како растение долго не беше во широка употреба во земјава. Но, честите изјави на нутриционистите дека хељдата е извор на здравје, ја внесоа во менито на граѓаните. Многумина сметаат дека таа им припаѓа на родот на житарките, но тоа не е точно. Таа е всушност семе од овошје и е совршена замена за житарките. За земја на потекло на хељдата се смета Индија, а особено е популарна во Русија.

хељдата, извор на здравје

Таа е одлична замена за житарките, особено кај лица алергични на глутен. Цветовите од хељдата се многу привлечни и за пчелите. Тие ги користат за да направет мед со специфична темна боја и вкус. А еве зошто хељдата е извор на здравје:

  1. Таа е најдобар извор на висококвалитетни и лесно сварливи протени. Ова ја прави одлична замена за месото.
  2. Замена за штетните масти. Скробот од хељдата може да се користи и како замена за додадени масти во прехранбените производи.
  3. Во листовите содржи голема количина на супстанцата рутин. Оттука се естрахира и се користи за намалување на високиот крвен притисок.
  4. Не предизвикува алергии. Лушпите од хељдата се користат за полнење перници. Наменети се претежно за лица што страдаат од лаергии на полен, прашина или пердуви.
  5. Може да помогне при дијабетес. Таа има гликемиски индекс 54 и е добра за намалување на крвниот шеќер.
  6. Одлична е за добро варење. Ги чисти и зајакнува цревата и го подобрува апетитот.
  7. Не се третира со многу хемикалии. Расте толку брзо што нема потреба од прскање и заштита.
  8. Помага во отстранување на вишокот вода од организмот. И на вишок течности што се собираат во телото во вид на отоци.
  9. Се класифицира како јанг храна. Макробиотичарите сметаа дека е одлична за јадење и во зима.
  10. Не содржи глутен и не е житарка. Токму затоа е одлична за лицата коишто се алергични на глутен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *