• Wed. May 15th, 2024

(е)Лит – електронско списание за литература, култура и уметност

Наскоро (e)Лит електронско списание. Македонската книжевна публикација се збогатува со уште едно, електронско списание за литература, култура и уметност. Станува збор за (е)Лит, дигитален книжевен производ чијашто прва публикација ќе биде на 6 февруари. Првиот број е во чест на ловороносецот Григор Прличев, а вечерта во 19 часот е закажана и онлајн промоција на списанието.

Според уредниците, (е)Лит ќе објавува поезија, проза, фотографии, есеи, книжевна и ликовна критика, текстови од областа на филмската и театарската уметност, статии, рецензии и слично. Издавач е здружението за поддршка и развој на книжевноста и други уметности „Креативна верига“ од Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *