• Sat. May 18th, 2024

Во радовишко пронајдена поголема количина огревни дрва без документација

ByВане Трајков

Apr 12, 2023

Во дворното место на Т.Ј. во радовишкото село Дедино, синоќа околу 21:20 часот полициски службеници пронашле товарно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, натоварено со 11 кубни метри огревни дрва.

Во координација со Шумската полиција од Радовиш било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за огревните дрва, по што товарното возило и дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Плачковица“ Радовиш за натамошна постапка.

Како што денеска информираа од МВР, нешто пред тоа, во 10.40 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со вработени од Шумската полиција Радовиш извршиле контрола и во дворното место на У.Д.(53) од село Коџалија, Радовишко, каде пронашле поголема количина дабови огревни дрва.

– При контролата било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за четири кубни метри огревни дрва, по што тие биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Плачковица“ Радовиш за натамошна постапка. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави, соопштија од МВР.