• Wed. May 15th, 2024

Во пожар во Старо Коњарево изгореле 18 молзни крави

Во синоќешниот пожар во Старо Коњарево изгореле 18 молзни крави, и пропратна механизација. Ова за телефонски разговор го истакнаа инспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување кои утрово го завршиле увидот.

Според Дирекцијата, причина за пожарот бил оштетен доводен кабел на струја од страна на глодари. Имено во непосредна близина на фармата се наоѓаат складовите со сточна храна, балирано сено што се услови за појава на глодари.

Сопственикот на фармата, пред инспекторите изјавил дека и претходно имал такво искуство. И вчера видел како оштетениот кабел од стаорците фрла искри, а лесно запаливиот материјал веднаш почнал да гори и пожарот ја зафатил фармата и помошните простории.

Од Дирекцијата велат дека проценетата штета изнесува околу 100 илјади евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *