Регион

Струмица доби нов испитен центар, одблокиран процесот за полагање за возачка

Одблокиран е процесот на полагање за возачка дозвола во југоистокот. МВР избра нова фирма за испитен центар откако претходната речиси девет месеци не спроведе испити за возачки а последните два доби и забрана за работа. Околу илјада кандидати од југоистокот чекаа или пак одеа во други центри во државата за да положат за возачка а значително опадна и интересот на младите за обука во автошколите

Новиот оператор „Испитен центар Струмица“ деновиве ги почна завршните испити. Се полага во Струмица, Радовиш, Валандово, Гевгелија, за што има опремено простории и полигони во сите места согласно одредбите за функционирање на испитен центар.

„Сите заинтересирани кандидати од Југоистокот кои ја завршиле обуката низ автошколите, а чекаа со месеци, може да се пријават за реализација на последниот испит за возачка. По утврдена динамика може да се полага во Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија каде ги имаме обезбедено сите услови согласно законската регулатива со надзор на стручна комисија“, вели Михајло Јорданов, контролор од новиот испитен центар кој ги охрабри идните кандидати да го почнат процесот за возачка.

Речиси девет месеци во Струмица не се полагаше за возачка дозвола. Преходниот оператор Ас Струмекс не вршеше тестирање оти немаа лиценци за испитувачите па се чекаа законски измени. Потоа доби и забрана за вршење дејност оти немаше полигон во Валандово

Препорачуваме:

На 25 јули општина Радовиш започнува со реализација на проектот кој предвидува нов резервоар за вода и цефковод во должина од 3,5 км.

Стојне Митева

Поранешниот пратеник Трајко Велјановски излегува од куќен притвор

Koвачевски за првите сто дена: Владата e посветена на создавање услови за подобар живот и европска иднина

Стојне Митева