• Wed. May 15th, 2024

Видео – Василево ќе аплицира со три проекти пред АФПЗРР за изградба на патишта и улици и уште еден со ЦРЈПР , вели градоначалникот Јанев

Градоначалникот на Василево Марјан Јанев информираше дека општината ќе аплицира со неколку проекти пред Агенцијата за финансиска подршка  во земјоделието и руралниот развој. За нив Советот донел одлука на денешната седница како приоритетни.  Станува збор за три проекти од патната инфраструктура. Се планира реконструкција и ревитализација на локалниот пат од Ново Владевци до Сушево,  изградба на дел од локален пат Чанаклија –Нова Маала и реконструкција на улицата од центарот до црквата во Василево. Градоначалникот Јанев информираше и дека дополнително преку Југоисточниот плански регион ќе се аплицира  и за изградба на дел од патот Добрашинци – Брана Турија во должина од 1000 метри за што подршка даде Советот на регионот.

Јанев вели дека за првите 6 месеци од ова година реализацијата на Буџетот е 33,5 а кај основниот нешто помалку,  што е резултат на одплаќање на заостанатите обврски на општината и кредитите за водоводот во Чанаклија но и заради т.н. ,,мртов период,, во кој се подготвувале проекти…….

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *