• Fri. May 17th, 2024

Во недела хуманитарен поетско-музички настан во организација на Фондација Елеуса

ByЃ. K.

Oct 12, 2023

Елеуса Фондација го најавува својот најнов хуманитарен настан „Јас живеам затоа што знам дека и ти живееш“ (Петре М. Андреевски) што ќе се одржи в недела, 15 октомври 2023 година пред Мала сцена 112 од 19 часот.

„Јас живеам затоа што знам дека и ти живееш“ на Петре М.Андреевски како лајтмотив кој гласно говори за коегзитенцијалната поврзаност меѓу сите луѓе и потсетник дека грижата за немоќните е на сите нас, велат во најавата од Фондација Елеуса.

На настанот ќе бидат рецитирани песни на македонски поети, низ звуците на домашните шлагери.

Поетско-музичката вечер е од хуманитарен карактер и ќе бидат собирани средства за реализација на бројните акции кои ги реализира Фондацијата.

By Ѓ. K.