• Fri. May 17th, 2024

Општина Гевгелија објави продажба на 6 градежни парцели на „Караорман“

ByЃ. K.

Oct 12, 2023

Општина Гевгелија објави продажба на 6 градежни парцели, во сопственост на РСМ, со намена домување во станбени куќи, по пат на електронско јавно наддавање. Шесте парцели се наоѓаат во м.в. „Караорман“ во Гевгелија со површина од 331 до 609 метри квадратни. Почетната цена за градежните парцели изнесува 61,00 денари од метар квадратен. Продажбата на шесте парцели ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање (www.gradezno-zemjiste.mk), на 1.11.2023 година, почнувајќи од 09:00 до 11:30 часот, во траење од 15 минути за секоја огласена парцела посебно.

Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање треба да ги достават по електронски пат на следната интернет-страница: www.gradezno-zemjiste.mk, заклучно до 30.10.2023 година. Повеќе информации за постапката можат да се најдат на веб-страната на Општина Гевгелија: https://www.gevgelija.gov.mk/…/urban…/OBJAVA_03-2023.pdf.

By Ѓ. K.