Регион

Дизелот од ноќеска со нова поевтина цена

Малопродажната цена на Еуродизел од вечерва се намалува за два денара за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) согласно најновата одлука.

Со поевтинувањето, дизелот од вечерва на полноќ ќе чини 81 денар за литар.Поевтинува и Екстра-лесното масло за домаќинство – исто така за два денара и од ноќеска ќе се продава за 80 денари за литар.

Во меѓувреме, цените на бензините не се менуваат. Еуросупер БС-95 и понатаму чини 81 денар за литар, додека литар Еуросупер БС-98 се продава по цена од 83 денари.

Препорачуваме:

Со Тримери завршија карневалските свечености во Струмица (видео)

Ване Трајков

Филипче: Полицискиот час да почнува на полноќ и да се отворат фитнес центрите

Ване Трајков

Октупот на тутун ќе продолжи до 31 март, но не се знае кој ќе го откупува вишокот што остана