Регион

Филипче: Полицискиот час да почнува на полноќ и да се отворат фитнес центрите

Полицискиот час да трае од полноќ до пет наутро, кафеаните, само на отворено, да работат до 23.30 и да се отворат фитнес центрите и теретаните, предлага Комисијата за заразни болести нови полабави мерки, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Министерот ќе ги предложи новите мерки на Главниот координативен кризен штаб во Владата, како што вели, „врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата“.

Со новите мерки ќе се доволи и организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно со присуство на 30 % од целосниот капацитет. Капацитетот на градинките се зголемува од 15 на 20 деца во групи

Препорачуваме:

ВИДЕО: Полјоделците да внимаваат пред засадувањето на пченицата

Заврши изградбата на улица во населеното место Градашорци

Вечер на поезија на „Босилово-културно лето“

Сузана Мицева