Спорт

Видео-Селекторот Ангеловски го сака Пандев и за следните квалификации оти е големина од човек и фудбалер

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски по победата над Лихтенштајн со 4:0, подвлече дека една од причините за добрите партии во овој квалификациски циклус е струмичкиот интернационалец Горан Пандев кој вчера 91 пат го облече националниот дрес. Селекторот истакна дека ќе направи се што е во негова моќ Пандев и во следните квалификации го носи дресот со националниот грб

– Пандев одигра уште еден одличен натпревар и покажа дека е колку е значаен за тимот. Тој беше причината за се она што ни се случуваше во овие квалификации односно неговото враќање во националниот тим оти тој е големина од човек, големина од фудбалер. Ќе направам се што е во моја моќ тој и во следните квалификации да го носи дресот со националниот грб. Се надевам дека ова не беше негов последен натпревар за Македонија,, истакна Ангеловски.

 

Препорачуваме:

Видео: Струмичка Беласица на подготовки во Дојран

Ване Трајков

Македонија има светски шампион во кик-бокс, Бобан Илиоски се закити со златниот медал на СП во Португалија

Ѓ. K.

Виктори Волеј почна да реди победи – славеше и во Штип против УГД