Спорт

Виктори Волеј почна да реди победи – славеше и во Штип против УГД

Одбојкарките на Виктори Волеј ја забележаа втората едноподруго првенствена победа во прволигашкиот шампионат на Македонија каде оваа сезона за првпат настапуваат. По победата над градскиот ривал Наковски волеј, избраничките на Кире Јанков славеа победа и во Штип против составот на УГД.

Струмичанки забележаа победа во драматичен и неизвесен натпревар кој се играше во пет сетови. Почнаа фуриозно добивајки ги првите два сета со 25:23  и 25:21. Откако поведоа со 2:0 струмичанки дозволија УГД да се врати во игра. Го загубија третиот сет со 25:15 но и четвртиот 25:21.  Во последниот одлучувачки сет сепак екипата на Виктори Волеј не дозволи целосен пресврт. Со резултат од 15:13 славеше со 3:2 во сетови освојувајки два поени на тешкото гостување во Штип.

По две кола Виктори Волеј има 5 бода и се наога на третата  позиција во шампионатот зад тетовските екипи Универзитет Тетово и Бами Кор со кој се среќаваат во третото коло на 4 ноември во салата Партизан. 

Препорачуваме:

Струмица распиша повик за распределба на 13, 5 милиони денари за поддршка на спортски клубови и тренери

Виктори Волеј утре против Фит фан во Партизан за пласман мегу најдобрите во Македонија во пионерска конкуренција

Ване Трајков

Видео – Јани Атанасов ја шокираше Саудиска Арабија со гол од средината на теренот

Ване Трајков