Спорт

Македонија има светски шампион во кик-бокс, Бобан Илиоски се закити со златниот медал на СП во Португалија

Во големото финале на Светското кик бокс првенство на ВАКО во Албуфеира, Португалија, Илиоски го совлада Нурбек Уришбоев од Узбекистан со убедливи 3-0.

Ова е голем успех на нашиот најдобар кикибоксер во моментов.

Се оствари прогнозата на селекторот Дејан Митровски – Урко дека СП одиме на златен медал.

Со тројца натпреварувачи Македонија освои еден медал и тоа златен.

На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.

Светско првенство:

-86 кг лоу кик
Бобан Илиоски – Алберт Угринчиќ (БиХ) 3-0 ¼ финале
Бобан Илиоски – Елјан Алкишијев (Азербејџан) 3-0 ½ финале
Финале
Бобан Илиоски – Нурбек Уришбоев (Узбекистан) 3-0

Препорачуваме:

ФК Василево се враќа во Третата лига исток, Ристов најавува квалитетен тим

Ване Трајков

Кому му пречеше ѕвездата на Пандев на струмичкиот плоштад – синоќа откорната и украдена

Девојките од Наковски волеј во сабота во 18 часот против Работнички за статутот есенски Шампионки