Спорт

Видео – Крстовски ја донесе победата на пандевци во првото градското дерби со Беласица

Фудбалерите на Академија Пандев го освоија првото градско дерби против Беласица на стадионот Младост во Струмица. Мечот од второто коло од Првата фудбалка лига на Македонија го реши Марио Крстовски кој во 75 и 85 минута  ја затресе мрежата Беласица за победа од 2:0

Повеќе од 3 илјади посетители на трибините на Младост го следеа мечот кој испиша нова историја во струмичкиот фудбал бидејки се сретнаа два прволигаши од Струмица кој секогаш се сметало дека бил фудбалски град.

Пандевци победата ја најавија уште во првото полувреме. Го притиснаа домаќинот Беласица кој не упати ниту еден удар по голот во првите 45 минути . Наспроти нив избраниците на Југослав имаа пет удари по голот на Вујанац, но немаше гол

Вторите 45 минути се отворија двата тима. Беласица преку Балдовалиев, Милушев и Ѓоргиев се закани но немаше реализација. На спротовината страна џокерот на Тренчовски – Крстовски само што влезе веднаш  го надмудри голманот на струмичките сино бели.  Во 75 минута донесе водство за пандевци а десет минути подоцна преку контра ги реши синобелите.

Следното коло Беласица му гостува на шампионот Шкендија, Академијата Пандев на свој терен игра со Шкупи а втората мегусебна пресметка на двата струмички прволигаши ќе биде во октомври

Препорачуваме:

Беласица и Академија Пандев без голови-голманите виновници !

Ване Трајков

Пандевци остануваат во Прва а Беласица се сели во Втора лига

Ване Трајков

Тодоров – Освоеното прво место и најбрзото време во Струмица ме мотивира да атакувам на титулата ( фото )

Ване Трајков