Регион

Маж загина на патот Дабиље – Петралинци

49 годишен маж од Петралинци загина во сообраќајна незгода. Несреќата се случи попладнево околу 14 часот, на патот Петралинци – Дабиље, десетина километри од Струмица. Човекот управувал автомобил марка Пежо, и движејќи се во правец од Дабиље кон Петралинци, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал од патот, удирајќи во бетонски столб.

Возачот загинал на местото на несреќата.

Екипи на Мвр и дежурен јавен обвинител направија увид на местото на несреќата, при што телото на починатиот е предадено на семејството.

Препорачуваме:

Жител на Гевгелија осомничен за обид за убиство

Ване Трајков

6000 хектари земјиште за одгледување житни култури

Сузана Мицева

„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР

Ѓ. K.