Спорт

Видео – Голманот на Арсенал Дени Илиев и со песна се рехабилитира

Струмичанецот Дејан Илиев кој ги брани боите на Арсенал,  извесен период паузира од фудбалските терени  заради повреда на десното колено.  Тој во моментов е на рехабилитација и полесни тренинзи со цел што наскоро да се врати на мрежата на ,,топчиите,,. Но освен медицински, тој се рехабилитира и со песна. Возејки се по улиците на Лондон со својот автомобил Ауди А 5, Дени со својот близок другар Гире Гошев – Џипси, кој исто така е во Лондон Англија ја пеаа хитовската песна на Шабан Шаулич ,, Жал,, .  Кире-Џипси  ни изјави дека песната дошла спонатано а видеото го  снимил со цел да ги покаже вокалните способности на Дејан кој е одличен голман и огромен потенцијал за мак фудбалот како младински репрезентативец.

Дени во Арсенал замина во летото во 2012 година и настапуваше за младите ,,топчии,, во Лигата на Шампиони до 21 година со Наполи, Борусија Дортмунд, Барселона, Олимпик Марсеј и беше сериозен кандидат за замена на Петр Чех но поради повреда тој паузира извесен период . Се очекува Дени на мрежата да се појави на почетокот на новата сезона бидејки  Арсен Венгер гледа голем потенцијал во струмичанецот кој лани го продолжи договорот со Арсенал

 

https://www.facebook.com/kire.gosev.50/videos/10201674679426875/

Препорачуваме:

Фото – Џио Струмица лошо почна ама ја скроти Шутова од Кичево која донесе звучни одбојкарски имиња

Почна поставувањето дополнителни трибини на стадионот Младост во Струмица

Одбојкарката Елена Пандева се врати од Италија, ќе биде ново засилување за Струмица

Ѓ. K.