Спорт

Фото – Џио Струмица лошо почна ама ја скроти Шутова од Кичево која донесе звучни одбојкарски имиња

Одобјкарите на Џио Струмица забележаа победа против кичевска Шутова која во змискиот преоден рок донесе дури пет засилувања и тоа од Бразил, Србија и домашни звучни имиња. Момците на Кире Ричлиев лошо го почнаа мечот но не дозволија да биде освоена салата Партизан. Славеа  со 3:1 во сетови ( 19:25, 25:23, 25:18, 25:14).

Доста интересен и неизвесен меч во кој двата тима се надмудруваа. Шутова со екс репрезентативецот Ѓоко Јосифов потоа бразилецот Рабел Коељо, србинот Игор Суботиќ, техничарот Ѓоко Маџиров, како и Станислав Азаров и Давид Сотировски станаа респектабилен тим но во Струмица мораа да го положат оружејето.

Струмичани на чело со Михаилов, Николов, Урдов, Илиев, Наков и Ричлиеви им дозволија на гостите да се радуваат само во воведниот сет од мечот но не и во продолжение кога профунцкионира приемот а на висина на задачата одбојкарите беа и во нападот.

Ова е десетта победа на ОК Џио Струмица и сигурен фаворит за лидерската позиција за плеј офф завршницата за разигурвање за шампионската титула

Препорачуваме:

Видео: Струмичка Беласица на подготовки во Дојран

Ване Трајков

Анализа- Академија Пандев во Европа, Беласица во втора лига

Ване Трајков

Нема казна за Шкендија, ФФМ ја одби жалбата на Академија Пандев