Спорт

Видео – Беласица го доби градското дерби со Тиверија – Пинда веќе размислува за Втора лига

Фудбалерите на Беласица во рамките на претпоследното есенско коло од третата фудбалска лига исток го совладаа градскиот ривал тимот на Тиверија со резулат од 2:1. Интересен натпревар во кој тиверијанци како домакини покажаа отпор на сино белите, но немаа доволно сила и моќ за ново изненадување во ова лига. Струмичките сино бели со головите на Димитар Ѓеоргиев и Благој Истатов славеа победа.  Со ова победа Беласица се задржа на лидерската позиција и веќе на огромно се размислува за плановите за Втора лига

Еве што истакна газдата на клубот Славчо Васков Пинда во интервју за ВИС СПОРТ пред одигрувањето на дербито со Тиверија

Препорачуваме:

Наковски Волеј доминантен, по втор пат го освои битолски Пелистер на свој терен

Тања Милушева именувана за потпретседател на ФК Беласица

Ѓ. K.

Младите борачи од Радовиш со пет медали од балканските спортски игри во Турција

Ване Трајков