• Fri. May 10th, 2024

Василево доби детско забавно катче во паркот „Методи Митев“ – донација од општина Умраније од Турција

ByЃ. K.

Nov 17, 2023

Во Меморијалниот детски забавен парк Методи Митев, лоциран пред  Домот на културата во населеното место Василево, како донација од пријателската Општина Умраније, Р.Турција беа поставени детски реквизити, лулашки, клацкалки и лизгалка.

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, го посети забавниот парк и беше сведок на многу детски насмевки.

„Со ова се подобруваат условите и се создаваат нови катчиња за најмладите каде ќе можат да го минуваат своето слободно време“, истакна тој.

Целта е Општина Василево да биде поубаво место за живеење за најмладите.

By Ѓ. K.