• Sun. May 19th, 2024

Беласица ја кани Академија Пандев, неделното дерби место во Турново да се игра на Младост под рефлектори !

ByВане Трајков

Oct 23, 2018

ФК Беласица ја кани Академија Пандев престојниот меч од 11 првенствено коло да го одиграат на стадионот Младост под рефлектори. Во недела двата струмички фудбалски прволигаши ќе го одиграт вториот меѓусебен дуел за оваа сезона во кој пандевци се домаќини а мечевите  ги играат на стадионот Кукуш во Турново. Веста за Канал ВИС ја потврди лично претседателот на клубот Славчо Васков.

,, Сакам да упатам повик до Академија Пандев неделното градско дерби во кое тие се домаќини  да го одиграме на стадионот Младост и тоа под рефлектори. За ова не бараме никаков финансиски надоместок. Единствено парите од продажбата на билетите да останат за покривање на трошоците,,  изјави за ВИС СПОРТ претседателот на струмичките синобели Славчо Васков Пинда

Пинда смета дека поканата е во интерес на лубителите на фудбалот од Струмица оти стадионот Кукуш во Турново немало доволно капацитет наспроти големиот интерес на фановите и симпатизерите на двата клуба

Според  распоредот 11 тото првенствено коло се игра во недела со почеток во 13 часот и 30 минути.  Академија Пандев е домаќин на  Беласица. Во првата меѓусебна пресметка на стадионот Младост во која струмичките синобели беа домаќини, славеа пандевци со двата гола на Марио Крстовски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *