Спорт

Академија Пандев – Беласицa сепак ќе се игра во Турново – Пинда реагира

Управата на ФК ,,Академија Пандев’’  одлучи  мечот од 11 тото првенствено коло против Беласица сепак да го игра на стадионот ,,Кукуш’’ во Турново,  место каде ги играат натпреварите како домаќини во ова првенствена сезона.  Тие му се заблагодариле на понудата на првиот човек на Беласица  за стадионот Младост , но сепак мечот ќе го играат во Турново,  на стадион,  кој го имат пријавено како домашен терен  во ФФМ

На ваквата одлука,  до  ВИС СПОРТ веднаш пристигна реакција од првиот човек на Беласица – Славчо Васков Пинда која  Ви ја пренесуваме во целост

,, Пандев бега од струмичката публика. Ова е доказ дека Академија Пандев не е градски клуб. Пандев се соочува со реалноста дека градот ја сака ФК Беласица. За да ги избегне свирежите од струмичката публика, Пандев не сака да игра на Младост.  Има ли поголем срам во спортот да бегаш од сопствената публика. Почна да тоне екипажот на Пандев.  Пинда го повика фудбалски да се бори пред струмичката публика а тие бегаат, знаејки што ќе им се случи,, напиша за ВИС Спорт Славчо Васков Пинда

Мечот Академија Пандев – Беласица се игра во недела со почеток во 13 часот и 30 минути, термин кога ќе се одиграт сите дуели од 11 тото коло.  Во првиот мегусебен дуел одигран во август на Младост, Беласица како домаќин претрпе пораз од  пандевци со 2:0 откако Марио Крстовски двапати беше прецизен од игра.

 

Препорачуваме:

Публиката скандираше, Дориев дебитираше, Македонија славеше !

Кога Англија губи во фудбал, расте семејното насилство

Фото – Астраионци доминантни и ја забележаа првата победа, падна скопска Ринија со 9 гола разлика