Спорт

Фото – Астраионци доминантни и ја забележаа првата победа, падна скопска Ринија со 9 гола разлика

Ракометарите на ,,Астарион” ја забележаа првата победа во прволигашкото ракометно друштво Група 2.  Во спортската сала Парк  младите ракометни надежи од Струмица ја надиграа скопска Ринија М во сите елементи и славеа со 32:23 , победа која ги искачи на 4 позиција во конкуренција на осум екипи.

Струмичките ракометари подржани од над 500 гледачи во салата Парк, мечот го започнаа офанзивно и покажаа зрелост во ракометната игра поведувајки со 5:0. Не им дозволија во ниту еден момент на гостите да се разиграт и да дојдат до позиција за гол кои беа надиграни и во нивната одбрана

За разлика од нив, играта на струмичане течеше одлично. Цврста игра во одбраната и со сигурни проигрувања и одлична реализација во нападот, астраионци од минута во минута ја зголемуваа предноста. На полувреме имаа плус 7 а во второто полувреме само ја потврдија доминацијата за конечни 32:23

Најефикасен кај струмичани беше Стојан Стојанов кој постигна 6 гола, по 5 реализираа Живко Стојанов и Иванче  Ончев, 4 гола постигна Дарко Катранџиев и Ѓорги Касапов а три  Александар Велков. Во листата на стрелци се запишаа и Кочев, Гавазов, Партинов

Преходно Астраион одигра нерешено со Текстилец во Штип а претрпе минимален пораз во Скопје од Македонија ГП

Препорачуваме:

Опериран репрезентативниот голман Дени Илиев

Сузана Мицева

Бојан Круљ е нов тренер на АП Брера

Ѓ. K.

Работнички од Скопје победник на турнирот на Наковски волеј

Ване Трајков