Регион

Комуналец набави две машини за чистење на улици

Возниот парк на ЈПКД „Комуналец“ е збогатен со автоматизирани машини за чистење на улици. Станува збор за возила ,,метларки” по најсовремени европски стандарди коишто ќе овозможат зголемена ефикасност во јавната чистота. Како што кажа директорот на Комуналец Зоран Ѓоргиев едното возило е електрично, а другото е на „дизел погон“ и истите се земени на лизинг, кои ќе се отплаќаат во наредните години.

,,Набавивме 2 нови автоматизирани машини за чистење на улиците по најсовремени европски стандарди коишто ќе овозможат побрзо и поквалитетно чистење на улиците.И во време на криза, со домаќинско и одговорно работење, може да се оправда довербата од граѓаните и да се работи во нивни интерес,, објави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов

Препорачуваме:

Проверете си го мејлот, УЈП од денес почнува да ги испраќа даночните пријави

Стојне Митева

Утре изложба на фотографии на Сречко Гунчев

Сузана Мицева

Неофицијално : Референдумот во Валандово не успеа, не излегоа доволен број граѓани

Ване Трајков