Регион

Утре изложба на фотографии на Сречко Гунчев

Пасионираниот фотограф, Сречко Гунчев, кој својот работен век го помина во Центарот за култура „Антон Панов“, утре ја отвора својата нова изложба на фотографии „Апстрактни вибрации“. Гунчев е препознатлив не само по следењето на настаните што се одржуваат во неговото работно место, туку и по тоа што фотоапаратот му е постојано „околу вратот“ па често неговите прошетки со велосипед се претвораат во фотосесии.

Гунчев вели дека го интересира и архитектурата, и начинот на живот на луѓето, нивните навики, ликови, но и апстрактните појави кои низ фотобјективот раскажуваат поинакви приказни.

Најновата изложба на Гунчев ќе се постави во фоајето на ЦК „Антон Панов“, а ќе се отвори во 19.00 часот.

Препорачуваме:

Повторена јавна презентација и јавна анкета за Предлог-Урбанистички план за Мрзенци, блок 7,12,14 и 25

Сузана Мицева

Малолетничка од радовишко Габревци почина откако паднала од трактор

Ване Трајков

11 нови случаи на КОВИД – 19 во Струмица

Сузана Мицева