Спорт

Започнува Меморијалниот турнир во мал фудбал „КМФ Млади“- Миравци

Годинава, Спортското друштво „КМФ Млади“- Миравци повторно ги вклучува рефлекторите на спортското игралиште во Миравци со одржување на Турнирот во мал фудбал, кој го носи и самото име на друштвото. Утре (23 јули, 2022 година), турнирот официјално ќе биде отворен со натпреварите помеѓу некои од пријавените 21 екипа во јуниорска и сениорска конкуренција. За чиј распоред ќе се дознае на денешното ждребување во 21:30 часот, на игралиштето во Миравци. 

            Имено, „КМФ  турнирот 2022“ во мал фудбал е продолжение на веќе препознатливиот Mеморијален турнир „ТИХО“, а веќе трета година го организираат млади и амбициозни луѓе кои се обидуваат да го задржат духот и традицијата на спортот во Миравци, особено фудбалот. 

Спортскиот настан е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2022 година.

Препорачуваме:

Видео интервју со Лефтер Андонов за кадровските промени и очекувањата како претседател на КК Струмица

Ване Трајков

Академија Пандев против Македонија ЃП, Беласица против Силекс во 1/8 финалето од Купот

Ване Трајков

Преку Струмица одбојкарите на Македонија ќе ја освојуваат Европа

Ване Трајков