Спорт

Преку Струмица одбојкарите на Македонија ќе ја освојуваат Европа

Спортската сала Парк во Струмица ќе биде местото каде македонските одбојкари треба ја освојуваат Европа ова лето. Токму во Струмица избраниците на селекторот Жарко Ристоски треба да го почнат походот за пласман на ЕП во Полска следната година. Противници на македонската репрезентација во квалификациите за ЕП се селекциите на Романија Естонија и Чешка. Македонската одбојкарска репрезентација има реални шанси да се најде на Европското првенство со оглед на прикажаната игра лани во евро настапите иако за селекторот проблем ке биде составувањето на составот со оглед дека дел од играчите заминаа а дел се повредени. Паралелно ова лето македонските одбојкари треба да го почнат и походот во Евро лигата каде треба да го одбранат среброто од минатата година. Противници на макеоднската селекција се Бугарија, Данска и Албанија

Препорачуваме:

Радовишанецот Ашкилов обезбеди пласман на ЕП во тај бокс – Ќе донесам медал за Македонија

Ване Трајков

Горан Пандев со песна и оро го прослави влезот на Академијата во Прва лига

Ване Трајков

Макс со пораз се збогува од Сеха лигата, совладан и од Нексе

Ване Трајков