Забава Регион

За помалку од две недели карневалска треска во Струмица

Во сабота на 25 февруари ќе се одржи традиционалниот струмички карневал. Тогаш е закажано големото карневалско дефиле што се случува на струмичките улици, а главните точки се изведуваат пред присутно жири и официјални гости на градскиот плоштад „Гоце Делчев“.

Освен традиционалните домашни карневалски групи и училиштата кои секоја година ги подготвуваат најмасовните маски на карневалот, се очекуваат и гости од голем број европски земји, како и групи од карневалските градови со кои Струмица има повеќегодишна соработка.

Карневалските случувања во Струмица траат околу една недела. Централни настани се големиот и детскиот карневал, но секоја година помасовни се и Концертот под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, големиот маскенбал на кој се избираат принцот и принцезата кои ја предводат кралската свита на саботното дефиле и многу други.

Препорачуваме:

ПРОМОЦИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА 2019-2024 НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

Стојне Митева

Бектеши презентира кој колку заштеди електрична енергија во октомври, во Југоистокот најмногу заштеди има Општина Босилово

Ване Трајков

Денес завршува струмичката ликовна колонија

Dimitar Micev