Регион

ПРОМОЦИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА 2019-2024 НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

На Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија, кој работи во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, утре, вторник, на 17 декември 2019 година, од 11 часот ќе биде организирана свечена промоција на „Стратегијата за развој на туризмот во општина Гевгелија 2019-2024“
Оваа стратегија се изработи на барање на општината од страна на Факултетот за туризам и бизнис логистика од Гевгелија заради потребата од дефинирањена наредниот туристички развој на општината. Придобивките од една ваква стратегија се подеднакво значајни за општината и за факултетот, но и за бизнис заедницата, затоа што ако напишаното на хартија се имплементира во пракса, тоа ќе значи отворање на нови угостителски објекти, нови туристички капацитети и побарувачка на работна сила. При изработката на оваа стратегија се тргна од фактот дека општина Гевгелија во иднина ќе треба да се развива како зелена, модерна и европска општина. А, тоа значи дека треба да се развиваат компаративните предности кои ги има општина Гевгелија, а тоа се, близината на границата и развојот на трговијата, угостителството и лесната индустрија.
Доктор Васко Шутаров, кој заедно со проф. др.Марија Магдинчева Шопова е дел од стручниот тим кој ја изработи Нацрт стратегијата за развој на туризмот вели дека таа е целосен документ кој се состои од анализи, насоки и потребни активности за остварување на визијата за општина Гевгелија, како една од најразвиените туристички дестинации во земјата, но и во поширокиот регион.

Препорачуваме:

За 5 дена 147 граѓани починаа од ковид-19, а се заразиле 6.061 пациент

Горица Русева просветен работник на годината од Сојузот, Алма Хасанова со признание од Совет на општина Василево

Видео: Реакции од струмичани за високиот надомест за пренос и дистрибуција

Ване Трајков