Регион

Во потрага по СРЕЌА и благосостојба!

„Тажните луѓе привлекуваат тажнилуѓе, Осамените луѓе привлекуваат осамени, Емотивните луѓе привлекуваат емотивни, а СРЕЌНИТЕ луѓе, тие ги привлекуваат СИТЕ луѓе!“

Со Резолуцијата на ОН 65/309 од јули 2011, едногласно прифатена од Генералното Собрание , официјалное дефинирано дека стремежоти потрагата за постигнување СРЕЌА и благосостојба е фундаментална или базичнолегитимна ЦЕЛ во животот на човекот. Последователната Резолуција 66/281 од 2012, го установува и формално 20 март како „Меѓународен ден на среќата“. Акламативно е заклучено дека среќата на луѓето мора да бидеинкорпорирана како главна цел во развојните државни политики на сите земји членки на Обединетите Нации, во духот наглобално усогласените цели познати како „MilleniumDevelopmentGoals – MDGs“.

Почнувајќи од 2014 година и базирајќи се првенствено на комплексните евалуации од  „Gallup World Poll“, редовносе публикува ранг-листа на државите по индексот на среќа, како „Светски извештај за среќа и квалитет на животот“. Согласноовие званичниизвештаи , последователно во последниве неколку години Финска е рангирана како најсреќна земја, а Финцитекако најсреќнилуѓе во светот.За жалнашатадржава во континуитет е рангирана во втората група на најмалку среќниземји во светот, а македонските граѓани се помалку среќни од сите други во соседните балкански земји. За ваквитенавистина поразителни резултати , во најголема мера треба да им “заблагодариме” на нашитедежурникочничари на развојоткои агресивно ги манифестираат своите лични фрустрации и комплекси изворно поврзани со нивниот „лузерски“ код на животна неисполнетост и нереализираност како вистински вредни личности. Овие хронично незадоволни и длабоко несреќни индивидуи упорно управуваат со своите активности гледајќи во ретровизорот и возејќи во „рикверц“, не прифаќаат промени и упорноодбиваат да ги отфрлат вкоравените предрасуди и песимистичкоточувство на губитници или судбински страдалници од памтивеккои ете никој не ги сака а странските инвеститори само ги искористуваат за нивните лукративни цели… (???)

А сега да се вратам кај најсреќната земја на светот – Финска. Да, Финска е една од најзелените земји на Земјинататопка… Во оваа далечна земја на северот на Европа, шумите претставуваат околу 72 проценти од територијата а езерата уште додатни 10 проценти.Воздухот,шумите, езерата и водата за пиење се еколошки извонредно чисти!!! Финска има развиено земјоделство, но исто така е и една од нај – рударските земји. Рударството таму има повеќевековна традиција и е суштински значаен сегмент на финското општество и националната економија. Во актуелниве времиња функционално оперираат со повеќе од 40 рудници на метали и неметали. Таа е водечки европски производител на никел и злато, но и значајнопроизводство на бакар, цинк, кобалт, сребро, како и голем потенцијал за литиум.

Еее, тука сигурно ќе се запрашате – како тоа Финска успеала истовремено еколошки да ја заштити својата природа , а отворилаи оперира со најголемите европски рударски комплекси? Па според нашитедежурникочничари тоа е „mission impossible“…

На почетокот на овој век, како резултат на гласно изразената загриженост за зачувување на животната средина и стравотод можните трајни последици по локалните заедници, Финска поминувала низ период на силна кампања против рударството. Владата во 2012 година отворила јавен дијалог со вклучување на науката и граѓанскиот сектор , за дефинирање на националниот став иразвоен правец кој Финска сака да го заземе во однос на секторот рударство. Преку конструктивен дијалог, рударството ејасно препознаено како најсигурен извор на огромни развојни можности, условено со примена на најдобрите современитехнологии и стандарди. Консеквентно, Финците забрзано го усвоиле новиот акционен план со цел да ја постават нивната земјана водечката позиција – лидер за одржлива рударска индустрија на 21 век!

Финскиот рударски сектор, заедно со извонредно силната индустрија на производители на рударска опрема, има одличнарепутација во целиот свет. Тоа се должи пред сѐ на стриктната примена на највисоките технички, економски и еколошки стандарди, како и оние во однос на здравствената заштита. Голем број од рудниците се наоѓаат во „зелени“ региони, блиску до природнипаркови, водени површини но и урбани центри. Несомнено, нивните технологии за користење на природните рудни ресурси наодржлив начин и заштита на екологијата и здравјето на луѓето, се помеѓу најнапредните во светот… Финците ги развиле до највисок степен „зелените технологии“. Од тоа , корист има целата планета затоа што Финска е одличен пример кој е јасен доказ дека современото одржливо рударство, економскиот развој и заштитата на животната средина, можат многу сложно и усогласенода се развиваат низ следните генерации!

Д-р Живко Груевски

Комерцијална објава.

Препорачуваме:

Во југоисточниот регион лани 556 фирми ставиле клуч на врата

Се одржа првиот фудбалски турнир, ученици против наставници

Ѓ. K.

Далија треба да им даде картони на струмичките тутунари за да го однесат во Радовиш