• Wed. May 15th, 2024

Прегоори за можна набавка на јаглен од Косово

Министерот за економија Крешник Бектеши придружуван од заменик- директорот на АД
Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Имер Зенку оствари работен состанок со
министерката за економија на Република Косово, Артане Ризваноли и директорот на
Косовсата енергетска корпорација (КЕК) Нагип Красниќи.

Тема на состанокот беше можноста за набавка на јаглен од Република Косово за
потребите на Северна Македонија за зголемување на домашното производство на
електрична енергија.

На состанокот на која започнаа договорите за условите за набавка на јаглен од Косово,
беше договорено во наредниот период да биде потпишан Меморандум за разбирање
меѓу двете земји со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за непречено
производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети во Северна
Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *