Забава

Во Гевгелија проекција на документарни филмови за градот

Вчеравечер во Гевгелија започна несекојдневен тридневен кино настан. Во градот се проектираат документарни филмови за Гевгелија.

Проекциите се под отвореното небо, на платото пред Народниот театар- Гевгелија. Гевгеличани ќе имаат можност да ги видат филмовите: „По долината на реката Вардар“, „Свилен конец“, „Дојранско Езеро“, „Птиците доаѓаат“ и „Со Тито низ Македонија“.

Гледајќи ги на професионално платно горенаведените филмови од националниот филмски фонд на Кинотека на РСМ, на репертоарот за првата вечер од тридневниот културен настан „Гевгелија низ филмот“, во организација на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, можеа да го почувствуваат ритамот на времето кога во Гевгелија се одгледувале свилени буби, како изгледала реката Вардар во минатото, и како реагирал тогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, на големиот број на јаболкови дрва во Богданскиот крај.

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, продолжува проектирањето на филмовите: „Фабрика на витамини“, „Во долината на цветовите“, „Бели штркови“ и „Русалии “. Организаторите ги повикуваат граѓаните на општина Гевгелија доколку во својата приватна филмска архива поседуваат снимки од стара Гевгелија, семејни прослави и сл., а се работени на супер осмица, истите да ги достават во просториите на Народен театар- Гевгелија, во канцеларијата на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија. Со цел истите да се дигитализираат, со идеја да се направи филмска хроника за растењето на градот и неговите жители.

Препорачуваме:

Поетот Ѓорги Калајџиев дел од меѓународна виртуелна поетска манифестација

Сузана Мицева

Едноставени чекори за одржување на менталното здравје

Сузана Мицева

Најбогатите луѓе во светот во 2022 година влегуваат уште побогати

Сузана Мицева