• Thu. May 16th, 2024

Поетот Ѓорги Калајџиев дел од меѓународна виртуелна поетска манифестација

        Под мотото „Остани дома“, завчера, трета сабота по ред, 60-тина поети од 15 европски земји учествуваа на виртуелната манифестација „Поетски прозорец кон светот“, во организација на Здружението на хрватските книжевници од Риека и хрватскиот поет Валерио Орлиќ. Тричасовното поетско дружење на творците од Германија, Холандија, Швајцарија, Италија, Шпанија, Русија, Украина, Бугарија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанијаи Северна Македонија беше зачинето и со музика, со настап на неколкумина кантавтори. Специјален гостин на вечерта беше познатиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон кој е кандидат за Нобеловата награда за книжевност за 2020 година. Учесници од нашата земја беа Даниела Андоновска Трајковска, Марина Мијаковска, Игор Крајчев, Мирјана Стојановска, Филип Димкоски, Ленче Милошевска, Тони Павлески, Веле Митаноски и Ѓорги Калајџиев, кој беше и еден од двајцата водители на настанот. За следната сабота е најавена и нова онлајн средба на поетите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *