• Tue. May 14th, 2024

Видео: Во сабота промоција на поетскиот филм „Куќа на ѕвездите“ посветен на Иван Василевски

Низ поетски стихови, со видео приказна но и низ сведоштвото на неговата сопруга Смилја, ќе се раскажува животната и поетска врска на поетот и новинар Иван Василевски со Преведена. Местото кое според неговата сопруга е извор на нивната најголема радост и тага, одиграло важна улога во животот и творештвото на Василевски.

Преведена како топос е често застапена во песните на Василевски, таму е неговото вечно почивалиште, а таму и живее неговата сопруга, опкружена со природата, спомените, омилените предмети и семејните албуми.

Поетскиот филм е во продукција на Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *