Регион

Струмичките училишта поднеле барања за субвенционирана електрична енергија

Сите струмички училишта навреме поднеле барања за субвенционирана електрична енергија. Општинското одделение за образование за канал ВИС рече дека имале состаноци и ги информирале управите на училиштата дека треба да поднесат барања.

Дел од нив веќе и добиле решенија за поевтина електрична енергија. Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, реагираше на информацијата дека голем број училишта во државата го пропуштиле рокот. Смета дека ваквото однесување е неодговорно и се губат пари.

Снабдувањето на овие потрошувачи ќе се прави преку ЕСМ Продажба, во текот на траењето на енергетската криза, до крајот на април идната година. Корисниците се поделени во 3 категории од кои оние кои спаѓаат во првата категорија, физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност, ќе плаќаат по 80 евра за мегават час, а останатите ќе купуваат струја за 95 евра.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Јаневски: Во завршна фаза е проектот за инсталирање светла во Турската маала

Нови специјализирани контејнери и садови за отпад

Dimitar Micev

ВИДЕО: Бројот на невработени расте, стопанствениците со оптимизам