Забава

Вечерва, промоција на романот „Пренапрегнат“ од Стојан Мадевски

Во новоотворената Градска галерија на плоштадот „Гоце Делчев“ вечерва ќе има промоција на романот „Пренапрегнат“ од Стојан Мадевски. Станува збор за прво книжевно остварување на Мадевски, кој целиот свој професионален жвот работел како физиотерапевт. Тој бил вработен во специјалниот завод во Демир Капија.

Мадевски голем дел од романот посветува на животот на лицата со попречености, нивната борба да се вклопат во општеството. Дел вели се лични видувања, затоа што и самиот е лице со попреченост. Тој има оштетен вид.

Издавач е струмичката библиотека „Благој Јанков Мучето“.

Препорачуваме:

Магичен свет на струмичкиот маскенбал

Сузана Мицева

Археолози во Израел откриле луксузен имот стар 1.200 години

Сузана Мицева

Фото: Струмица под инфрацрвено светло

Сузана Мицева